Фудбал
Погба се врати на тренинг , неизвесно дали ќе патува со Јунајтед во Австралија
Францускиот репрезентативец, Пол Погба се појавил во тренинг кампот на Манчестер Јунајтед откако му заврши одморот.
Погба минатата недела ја мина во Њујорк, неговите соиграчи тренираа , тој денеска им се приклучи на подготовките. Французинот според сите најави нема да остане во Јунајтед, неговиот агент, Мино Раиола потврди дека Погба е на излезна врата и има понуди од неколку клубови.
Неизвесно е дали Погба ќе биде во авионот за Австралија , Јунајтед тргнува вечерва на турнеа со или без Погба, репрезентативецот на Франција е во преговири со Реал Мадрид но и враќање во Јувентус е опцијата која не се исклучува.