Connect with us

Тајмаут

Погба си набави борбено куче за да се одбрани од навивачите на Манчестер Јунајтед

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед Пол Погба купи куче чувар за да се заштити од агресивните навивачи, пренесува „Сан”.

Причината за ова се редовните напади и закани кои преку социјалните мрежи ги добива Французинот.

На тренинг-базата на Јунајтед фановите испишаа порака до фудбалерот „Погба, оди си!”.

– Тие се многу симпатични кучиња додека не добијат команда за напад. Фудбалерите се јавни луѓе, а нивната желба да бидат заштитени е разбирлива, рече Ричард Арнолд, сопственик на одгледувачницата за борбени кучиња К9.

Погба се пресели во Манчестер јунајтед од Јувентус во 2016 година за 105 милиони евра. За ова време, 26-годишниот играч од средниот ред одигра 96 натпревари за „црвените ѓаволи” во англискиот шампионат и постигна 24 голови.