Connect with us

Ракомет

Погледнете го инцидентот на мечот Вардар-Еурофарм Пелистер, полицијата мораше да интервенира (ВИДЕО)

Вардар и Еурофарм Пелистер ги одмерија силите во рамките на плејофот во домашното првенство. Победата на крајот ја однесе Еурофарм Пелистер со резултат 23:24.

Сепак, не можеше ракометното дерби да помине без инциденти.

Битолските навивaчи во салата влегоа некаде околу 10-тата минута и веднаш дојдоа во судир со полицијата. Од трибината каде што беа сместени можеа да се забелажат разни предмети кои беа фрлани кон останатата публика во салата. Откако инцидентот се смири полицијата дозволи и останатите навивачи да влезат. Среќа на брзата интервенција на припадниците на МВР, мечот се одигра и во продолжението наликуваше на големо дерби со полна сала и жестока атмосфера.