Connect with us

Фудбал

Погледнете го видеото со кое Интер ги мотивира играчите за дербито со Јувентус

Утре вечер на програмата е големото дерби Интер – Јувентус. „Нероаѕурите“ се лидери во Серие А со максимален учинок од првите шест кола, додека Јувентус е втор со само два побода помалку. Натпреварот привлекува уште поголемо внимание со оглед на тоа дека поранешниот капитен и тренер на Јуве, Антонио Конте сега е на кормилото на лутиот ривал.

Луѓето задолжени за социјалните мрежи во таборот на Интер, подготвија видео за мотивација на фудбалерите. Сепак, видеото завршува со зборовите, посебна мотивација не е потребна „Верувај“.

Од италија стигнаа и вестите дека е срушен рекордот. Над 75 илјади влезници се продадени, а Интер ќе инкасира 6,5 милиони евра, што е најголема заработувачка во историјата на Серие А од продажба на билети.