Connect with us

Фудбал

Погледнете кој постигнал повеќе голови од Роналдо во кариерата

Кристијано Роналдо синоќа стигна до 700 голови во својата кариера. Повеќе од него имаат само четири фудбалери, кои не се активни, а двајца не се помеѓу живите. Тоа се легендите како што се Пеле, Пушкаш, Ромарио и Јозеф Бицан.

Според формата, на Роналдо нема да му биде проблем да го стигне Ференц Пушкаш бидејќи има само 4 голови помалку, но за останатите ќе му треба уште некоја сезона активен фудбал на високо ниво за да ги стигне.