Connect with us

Тајмаут

Погледнете што прави Ник Киргиос за време на крштевањето во црквата (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер Ник Киргиос (28) неодамна го откажа настапот на Ролан Гарос поради повреда на стапалото што ја доби за време на вооруженото киднапирање на неговиот автомобил во Канбера на почетокот на овој месец. Кирјиос времето го поминува во својата татковина, а оттаму доаѓа видео кое ги воодушеви љубителите на кошарката.

Австралиецот со грчко-индонезиско потекло бил гостин на едно крштевање, а еден од неговите пријатели го снимил како паднал во црковен клупа за време на церемонијата додека на својот мобилен телефон го гледал финалето на Источната НБА помеѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс. Да потсетиме, Селтикси се опоравија од негатива од 3:0 и ноќта од понеделник кон вторник можат да станат првиот НБА тим во историјата кој анулирал таков минус.