Фудбал
Покетино: Ако не го победиме Лестер ја губиме трката за титулата
Англискиот вицепрвак Тотенхем го губи чекорот во трката за шампионскиот трофеј во Премиер лигата и веќе има заостанување од 13 бодови зад лидерот Манчестер Сити.
Тренерот на „Спарси“ Маурицио Покетињо е свесен дека доколку неговите избраници не ја подигнат формата, тешко ќе може да фатат приклучок во трката за трофејот.
Манчестер Сити многу ја унапреди својата игра за разлика од минатата сезона. Разликата е голема, но ќе видиме што ќе се случува. Ние мора да веруваме и да се трудиме да победуваме. Доколку вечерва не го победиме Лестер мислам дека веќе нема да бидеме конкурентни, изјави Покетињо.
Тотенхем вечерва гостува кај Лестер во меч од 14. коло. Гостите се надеваат дека нивниот прв стрелец Хари Кин повторно ќе блесне како што тоа беше случај на последниот меѓусебен дуел на овие две екипи одигран во мај, кога Кин постигна четири гола во победата од 6-1.
Лестер е во низа од два триумфи на последните средби во Премиер лигата, додека Тотенхем игра променливо, па на последните четири дуели има два порази и две победи.