Фудбал
Покетино ако остане во Тотенхем прв чекор му е да направи трампа со Реал Мадрид за Герет Бејл
Екипата од Вајт Харт лејн се подготвени да го продадат Хари Кејн во Реал Мадридно само под еден услов, Тотенхем за возврат да го добијат Герет Бејл.
Информацијата привлече големо внимание со оглед на одлична форма на Кејн наспроти Бејл кој сезонава е во постојани проблеми со повредите.
Инсистирањето на претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез, за ангажман на англискиот репрезентативец е разбирливо но англиските медиуми вниманието го вртат кон Маурисио Покетино барајќи ја причината зошто тој би сакал да го смени Кејн за Бејл.