Connect with us

Фудбал

Покетино ќе плаче цела недела ако Тотенхем победи во Лигата на шампионите

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, зборуваше за неговата емоционална состојба во пресрет на финалниот натпревар во Лигата на шампионите.

– Мајка ми вели дека плачам и кога сум среќен и кога сум тажен. Таа ме моли да престане да го правам тоа. Понекогаш патувам дома со автомобил и слушам музика која ме навраќа во одредена фаза од животот. Патот од базата трае околу 20 минути. Можам да почнам да плачам кога ќе возам до куќата. Сопругата ме гледа и прашува: Што се случило?. Велам: Музиката ме потсети на момент во животот кој беше пред 30 години во Аргентина. И таа одговара: Ти си луд. Ако ја освоиме Лигата на шампионите, најверојатно ќе плачам цела недела, изјави Покетино.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра на 1 јуни во Мадрид. Противник на Тотенхем е Ливерпул. зс/

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com