Кошарка
Половина милион и Купот е ваш
Во среда ќе се дознае домаќинот на следното издание од завршниот турнир во Купот на Македонија, откако челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја закажаа лицитацијата на која заинтересираните ќе може да се наддаваат за добивање на организацијата.

Почетната цена на оваа лицитација изнесува 500.000 денари, а сите заинтересирани за учество ќе мора да депонираат десет проценти од оваа сума за да се борат за добивање на домаќинството.
Фактот што почетната сума е исклучително висока е причина што во последните неколку години немаше ниту еден пријавен кандидат, па организатор беше самата Куќа на кошарката со помош на технички соработник, каков што беше општина Кавадарци во последните две години.
На завршниот турнир ќе настапат осум најдобри екипи во машка конкуренција и четири во женска, а терминот за финалниот турнир е помеѓу 15 и 17 февруари.