Ракомет
Полувреме, голема предност на Франција против Македонија
Македонската ракометна женска репрезентација има негатива од седум голови во првата пресметка на Европското првенство, чиј кодомаќини се Македонија, Словенија и Црна Гора. Франција се чини дека е пресилна, бидејќи нашите ракометарки пружија добар отпор само во воведните неколку минути. Како се ближеше полувремето, Французинките се повеќе ја зголемуваа предноста, па на паузата се замина со 12:5 во корист на Франција.