Connect with us

SPORTM.mk

Попович: Исфрлањето на мобилните телефони ја подигна тимската хемија

Селекторот на кошаркарите на САД им забрани на играчите да користат мобилни телефони и според него тоа придонело за подобрување на атмосферата.

– Одиме на Мундијалот со комплетно нов тим, вклучително и поради одбивањето на голем број играчи да настапат на ова првенство. Имаме многу малку време за запознавање и воигрување, така што забранив употреба на телефони. Ова веднаш даде резултати. Играчите се заинтересираа за животот на своите репрезентативни колеги и тие со задоволство ги слушаат приказните на секого, истражувајќи се меѓу себе. Ова ќе ни помогне за создавање хемија во репрезентацијата на патот кон остварување на нашите цели, изјави Попович.

Светското првенство во кошарка ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември.

Американците ќе играат во групата Е со селекциите на Турција, Чешка и Јапонија.