Поради големиот интерес, дополнителни билети за мечот Вардар-Кјелце

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кјелце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети.

-текстот продолжува по рекламата-

Истите се за секторот стоење.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кјелце е закажан за в сабота, 9 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.