Connect with us

Фудбал

Поради Меси, Барса размислува за продажба на Гризман

Иако не помина ниту една сезона, сепак Барселона разсмилува на продажба на Антоан Гризман, објави „Le10Sport“. Како што пишуваат овој портал, причина се односите на францускиот интернационалец со Лионел Меси.

Наводно Аргентинецот не е задоволен што Барса го привлече Гризман наместо да потроши пари за враќањето на Нејмар.

Доколку односите на Меси и Гризман не се подобрат во наредните месеци, од „Камп Ноу“ се подготвени да го вклучат францускиот напаѓач во преговорите со ПСЖ за Нејмар.

Жорди Кардонер, потпретседател на Барселона, индиректрно призна дека помеѓу двајцата фудбалери не владејат добри односи.

-Нема некаков посебен проблем. На Гризман му е потребно време на адаптација. Од друга страна, Меси е многу затворен кога се во прашање нови пријателства, изјави Кардонер.