Ракомет
Поради нападот на Русија врз Украина, откажан натпревар на РК Вардар
Натпреварот од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра.
Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во изнформацијата упатена на клубот.
За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период.
ЕХФ одлучи да ги одложи сите мечеви во кои учествуваат тимови од Русија, Украина и Белорусија. Како што е познато Мешков Брест е од Белорусија, а токму од оваа земја е извршен еден дел на инвазијата на Русија врз Украина.