Кошарка
Поради него се заљубивме во кошарката – вака Предраг Даниловиќ се прости од Коби
Во неделата вечерта, средноевропско време, еден од најголемите и најхаризматичните кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа и многу луѓе во кошаркарскиот свет се збогуваа со Црната Мамба преку социјалните мрежи.
Од легендарниот Коби исто така се збогуваше и Предраг Даниловиќ во име на српската кошаркарска федерација:
„Со смртта на Коби Брајант, кошарката изгуби еден од најголемите асови и светот еден од најголемите спортисти на сите времиња. Коби беше играч кој секојдневно градеше таленти преку напорно тренирање и работа, противник кој не се штедеше себеси ниту на своите противници на теренот со цел да им донесе победа на тимот и трофеи“.
IN MEMORIAM: Kobi Brajant (1978 – 2020)https://t.co/nuQBgG2y2k
Večna ti slava Kobi!
Predrag Danilović
Predsednik KSS pic.twitter.com/HO3SGy8MG9— Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) January 26, 2020