Ракомет
Поради ненадејната смрт на 27-годишниот ракометар, одложен мечот Вардар-Бутел
Натпреварот кој требаше да се игра утре со почеток во 16:00 часот е одложен поради ненадејната смрт на 27-годишниот ракометар Денис Тот. Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.