Поврзи се со нас

Ракомет

Поради опасност од ширење на коронавирусот, во Шпанија ракомет се игра со маски

Во Шпанија повторно се враќа коронавирусот. Инаку тоа беше најпогодената земја со Ковид-19 за време на пикот на пандемијата во првата половина од оваа година.

Шпанската АСОБАЛ ракометна лига, ги натера сите ракометари да носат маски за време на натпреварите.

Ракометарите мора за време на мечот да носат маски без разлика во која ситуација се наоѓаат, иако многу земји препорачуваат да не се носат при спортување.

Претходно во Германија беше тестирано носење на маски за време на тренинг, но во оваа земја се игра ракомет без носење на заштитни маски.

Advertisement