Фудбал
Поради повредата на мечот со Словенија, Адеми неизвесен за дуелот со Шахтјор
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е неизвесен за мечот против Шахтјор на неговиот Динамо Загреб во рамките од Лигата на шампионите кој се игра во вторник.
Тој заработи повреда на репрезентативниот дуел помеѓу Македонија и Словенија, а како што соопштуваат хрватските медиуми, шансите да настапи во Лигата на шампионите се 50-50.
Адеми и денеска нема да тренира, а тимот утре треба да отпатува, па ако се најде во авионот, ќе треба да игра без ниту еден одржан тренинг во последните десетина дена.
Сепак, тренерот Ненад Бјелица верува дека и Адеми ќе може да игра, неговото присуство на терен е значајно за екипата.