Connect with us

Тајмаут

Поради пожар, Леброн Џејмс мораше да ја напушти куќата

Најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс, мораше да ја напушти куќата со своето семејство поради пожарите што беснеат овие денови во Калифорнија.

Големите пожари горат се пред себе, а во моментов се проценува дека дури 200.000 луѓе ги напуштиле своите домови, вклучително и sвездата на Лос Анџелес Лејкерс.

Денес тој се огласи преку твитер за целата ситуација.

„Човече, овие пожари во Лос Анџелес не се шега. Морав да ја напуштам куќата и моментално возам со семејството, обидувајќи се да најдам соба. За сега немам среќа“, напиша Леброн.

Подоцна додаде дека можел да најде сместување и ја искористил можноста да се моли за сите оние што се во опасност од проблемот.

Досега најмалку осум куќи се проголтани од пожарот, а неколку се оштетени. Загрозени се околу 10,000 обијекти. Треба да се додаде дека над милион и пол луѓе во моментов се без електрична енергија.