Кошарка
Поради семејни проблеми, Нуни Омот не е повеќе играч на МЗТ Скопје
Кенискиот интернационалец Нуни Омот завчера, против Сутјеска во Никшиќ, го одигра последниот натпревар во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако управата на клубот стави крај на меѓусебната соработка, кој е на заедничко задоволство.
Крилниот центар веќе извесен период има семејни проблеми, поради што не можеше целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите на нашиот тим.
Сериозноста на овие проблеми наложува тој да биде заедно со своето семејство во САД, па со оглед што не беше познато кога тие ќе се решат и кога тој би можел да се врати во Македонија, заеднички е заклучокот дека најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат, соошти МЗТ Скопје на својата официјална интернет страница.
Омот настапи на пет средби за МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени, 3,8 скока и една асистенција. Во домашното првенство, пак, настапи на две средби на кои просечно реализираше 18,5 поени, 4,5 скока и една асистенција.