Connect with us

Фудбал

Поради шокот од скршеницата на ногата на Гомеш, можно е Сон да не игра против Црвена Звезда?

По хорор повредата на Хомеш викендов на мечот Евертон-Тотенхем, фудбалерот на гостите Сон е во шок. Токму тој стартуваше од зад грб, секако дека немаше намера да направи таков старт, за што доволно говори неговата реакција.

Имено, тој плачеше цело време додека го напушташе теренот, а секако доби и црвен картон. Меѓутоа англиските медиуми пишуваат дека и ден по натпреварот и тешката повреда на Гомеш, Сон е во шок.

Во среда Тотенхем гостува на Црвена Звезда во рамките од Лигата на шампионите, а медиумите пишуваат дека шансите да не настапи на овој натпревар се големи. Едноставно Сон нема да биде психолошки подготвен за тој натпревар, па можно е тренерот Покетино да го изземе од овој дуел.