Ракомет
Поради стрес Хансен привремено ја прекина кариерата
Легендарниот дански ракометар и член на Алборг Микел Хансен поради стрес е на боледување на неопределено време, соопшти денеска неговиот клуб.
„ Хансен денеска пријави дека е болен од симптоми на стрес. Ова е исклучително тешка реакција на стресот во текот на годината за него “, се вели во соопштението за печатот од Алборг, Данска.
Пролетта минатата година, 35-годишниот играч, кој важи за еден од најдобрите светски ракометари на сите времиња, заболел од флебитис во комбинација со белодробна емболија, што го спречило да ја заврши сезоната во Пари Сент. -Жермен за кој играше од 2012 година.
По десет години минати во Париз, минатиот август се врати во татковината и го засили Алборг.
Пред десет дена Данска со Хансен на теренот третпат по ред го освои Светското првенство, откако во финалето во Стокхолм ја совлада Франција со 34:29. Во последниот натпревар, Хансен го постигна својот единствен гол од пенал.