Ракомет
Поради вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“, репрезентациите се селат
Женската ракометна репрезентација дуелот со Романија во баражот за пласман на СП ќе го одигра во салата „Јане Сандански“. Причина е тоа што во наредните денови Арената „Борис Трајковски“ ќе биде направена центар за вакцинација против Ковид 19 со 30 пунктови. Поради тоа мечот кој е закажан на 21 јануари ќе се одигра во „Јане Сандански“:
Се очекува ист случај да биде со машката репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП, која на 1-ри мај треба да игра против Швајцарија.