Тајмаут
Порака на украинската убавица од пеколот на војната: „Ако умрам…“
Познатата украинска атлетичарка Јулија Левченко (24) испрати силна порака од Киев.
Рускиот напад врз Украина го шокираше целиот свет. Во оваа земја останаа бројни спортисти, а секојдневно пристигнуваат бројни сведоштва за убиства.
View this post on Instagram
Лавченко е една од оние кои останаа во Киев и имаше силна порака до Русија и целиот свет.
„За оние кои не разбираат. Во војна сме. Русија не нападна. Пи**и! Како можете? Како можете да не убиете“, напиша таа и додаде:
View this post on Instagram
„Ако јас и моето семејство умреме, вие сте ги раскрвавиле рацете. Нашата украинска армија не заштитува најдобро што може. Се молиме“, напиша Јулија.
На Украинската скокачка во височина и претстои голема кариера и се надеваме дека наскоро ќе ја продолжи без проблеми.