Connect with us

Фудбал

Поранешен француски репрезентативец откри: Зидан нема да оди во Англија бидејќи…

Поранешниот француски репрезентативец и играч од средниот ред на Арсенал и Челзи, Емануел Петит, тврди дека Зинедин Зидан во кариерата нема да раководи со клуб од Премиер лигата.

„Тој дефинитивно нема да оди во Англија. Причината е многу едноставна – тој не го знае јазикот. Зидан го познавам многу години. За него ова е многу важен аспект. Не му се допаѓа кога некој му ги преведува зборовите“, изјави Пети за Дејли Мејл.

Во последните денови постојано се зборува дека Зидан би можел да го преземе ПСЖ во случај актуелниот тренер Кристоф Галтие да добие отказ.