Фудбал
Поранешен фудбалер на Ливерпул и неговата ќерка во болница, доживеале сообраќајка
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џон Арне Рисе и неговата ќерка завршиле во болница откако доживеале сообраќајна несреќа, пишуваат норвешките медиуми.
Несреќата се случила ноќеска 2 часа по полноќ, а првичните информации говорат дека Рисе не бил во алкохолизирана состојба. Во сообраќајката учествувало уште еден автомобил, во кој се возеле две лица, кои биле без свест кога пристигнала полицијата. Информацијата ја потврди и неговиот агент, кој притоа додаде дека тие ќе останат во болница поради дополнителни испитувања и дека повредите не се животозагрижувачки и дека наскоро ќе излезат од болница.
Former Liverpool footballer John Arne Riise and daughter in hospital after car crash https://t.co/cxNEPyFKak
— Indy Football (@IndyFootball) April 8, 2020