Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Рома и Јувентус под истрага, ќе му се заплени имотот

Поранешниот фудбалер на Рома и Јувентус Мирко Вучиниќ е во големи проблеми. Црногорецот е под истрага во Италија, бидејќи не пријавил данок на заработка кога играше за Ал Џазира. Се работи за период до 2017 година, а според информациите од Италија, за 2014 должи 1,4 милиони, за 2015 и 2016 по 1,9 милиони, а за 2017 година 529 илјади евра.

Според информациите судот дал наредба да му се заплени имотот во висина на неплатениот данок.