Поранешен напаѓач на Јувентус: Роналдо е престар за елита како Серие А, се влече по теренот

Поранешниот напаѓач на Јувентус Никола Амoрузо, изјави дека Кристијано Роналдо, кој има 34 години е престар за елитен фудбал како што е Серие А. Во разговорот со новинарите, Аморузо истакна дека Португалецот треба попаметно да игра на своите настапи и да ја чува силата.

Роналдо со месеци се влече по теренот. Мора да биде скронем и да сфати дека е стар за фудбал и дека некогаш е подобро да се одмори отколку да игра по секоја цена. Знам дека му е тешко да признае, но убеден сум дека може да биде и натаму важен играч, доколку ги прифати работите онакви какви што се, порача Аморузо кој во 2011 година се пензонираше.