Тајмаут
Поранешен соиграч му се потсмеваше на Лукаку за поразот од Барселона и елиминацијата од Лигата на шампионите
Интер синоќа доживеа пораз на домашен терен од вториот тим на Барселона со 2:1, а Борусија Дортмунд победи против Славија Прага со идентитчен резултат, па германскиот тим и Каталонците се пласираа во нокаут фазата.
Поради тоа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шоу на Твитер го исмеваше поранешниот соиграч Ромелу Лукаку.
– Добредојдовте! – напиша Англичанецот.
За потсетување, минатата сезона Лукаку играше за Манчестер јунајтед од каде летото си замина во Интер поради тоа што клубот не обезбеди учество во ЛШ.