Други спортови
Поранешен светски шампион го предизвика Тајсон Фјури
Деонти Вајлдер, доби забрана за влез во рингот најмалку во следните шест месеци, поради бруталниот начин на кој беше нокаутиран во неодамнешната борба против Тајсон Фјури.
Својата шанса за да боксува против Фјури сака да ја искористи и поранешниот светски шампион Енди Руиз јуниор. Тој веќе го предизвика „Кралот на Циганите“ да се пресемтаат во рингот.
-Чекав меѓусебно да се елиминираат и јас да дојдам на ред. ВБЦ е појас што го сакам. Ги имав сите освен него, изјави Руиз, кој во 2019 година го нокаутираше Британецот Ентони Џошуа и стана шампион, но само неколку месеци, бидејќи во реваншот доживеа дебакл.
„Боксот не беше многу квалитетен, но имаше многу акција и возбудувања. Борбата имаше храброст, срце, решителност. Сите победија, двајцата се запишаа во историјата на боксот“, заклучил Тајсон.