Поранешен вардарец го постигна голот на вечерта во ЛШ (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни седум натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а најголемо изненадување направи шампионот на Црна Гора, Сутјеска, која одигра 1-1 на гостувањето кај Слован Братислава.

Во самиот финиш на мечот се случуваше вистинска лудница, откако Андраж Шпорар во 82. минута погоди за домаќините за водство од 1-0, а потоа поранешниот вардарец, Дамир Којашевиќ со прекрасен удар од 25 метри ги постави конечните 1-1.

Фудбалерите на Ференцварош славеа со 2-1 против бугарски Лудогорец. Шампионот на Унгарија одлично го отвори мечот, а по шест минути успеа да поведе преку Н’Гуен.

Минимална предност од 1-0 домаќините имаа до 31. минута, кога гостите успеаа да израмнат, по што во 65. Минута Зубков ги постави конечните 2-1 за домаќините.

Останати резултати:

Партизани – Карабаг 0-0
БАТЕ – Пиас 1-1
Шериф Тираспол – Сабуртало Тбилиси 0-3
Дундалк – Рига 0-0
Линфилд – Розенборг 0-2



Извор: Спорт 1