Тајмаут
Поранешната претседателка и донесе среќа на Хрватска, но и на стрелецот на победничкиот гол
Хрватска синоќа ја совлада Франција со 0:1 во 4. коло од Лигата на нации.
Стрелец на победничкиот гол беше Лука Модриќ во петтата минута од 11 метри.
Натпреварот го следеше поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, чиј мандат заврши во 2020 година.
Поранешната прва жена на државата беше во центарот на вниманието во Париз, а се фотографираше и со обожавателите, а тие фотографии ги сподели на Фејсбук.
“Добра вечер Франција! Мило ми е што се гледаме повторно. Им благодарам на сите фанови кои ми приредија толку топло добредојде”, напиша Китаровиќ.
Колинда Грабар-Китаровиќ им донесе среќа на Хрватите, но и на стрелецот на победничкиот гол со оглед на тоа што го носеше дресот на Модриќ.
Тоа беше прва победа на Хрватска над Франција во историјата.
Раните од СП во 1998 и 2018 година секако уште повеќе болат, бидејќи Хрватите кога освојуваа медали и двата пати беа запрени на патот до златото од Франција