Тајмаут
Поранешната шампионка на Вимблдон направи „Onlyfans“: Тенисерката шокираше, мажите во транс! (ФОТО)
„ Onlyfans “ станува се попопуларна мрежа меѓу спортистите, а мажите дефинитивно ќе бидат воодушевени што една од најубавите тенисерки реши да отвори сметка!
Атрактивната Русинка Софија Жук , која своевремено беше шампионка на Вимблдон во јуниорска конкуренција, е уште една во низата спортистки кои ќе заработат од нејзините провокативни фотографии.
Софија има 23 години и до сега гради манекенска кариера, откако реши да се пензионира во 2020 година поради хронични болки и проблеми со повреди.
Својот последен професионален меч го одигра во 2019 година на Вимблдон, додека настапот на „Onlyfans“ го најави со следните зборови:
– Момци, конечно дојде моментот што сите го чекавте. Ќе има многу интересни материјали – изјави Русинката која веќе најави дека нема да премине една линија, а тоа е да биде целосно гола на фотографии и видеа.
Во изминатата деценија беше еден од врвните светски таленти, тренираше во академијата на белгискиот великан Жастин Хенан, ја освои првата ИТФ титула на 14 години, споменатиот Вимблдон на 15 години, а потоа сите почнаа да ја споредуваат со Марија Шарапова.