Други спортови
Поранешната сопруга на познатата тенисерка осудена на четири месеци затвор, поради малтретирање
Поранешната партнерка на познатата француска тенисерка Амели Морезмо, која моментално е во бракоразводна постапка, е осудена на четири месеци затвор пред судот во Бајон, Франција. Поранешната најдобра тенисерка во светот поднесе граѓанска тужба за морално вознемирување и малтретирање и го доби случајот против Мари Бенедикт Хурел. Судот во Бајон ја донесе својата одлука во вторникот, три недели по судењето зад затворени врати пред кривичниот совет. Додека обвинителството бараше десет месеци затвор, сопругата на познатата тенисерка беше прогласена за виновна и осудена на четири месеци затвор.
L'ex-compagne d'Amélie Mauresmo, actuellement en procédure de divorce, a été condamnée à quatre mois de prison avec sursis ce mardi par le tribunal de Bayonne.https://t.co/mAxpfj8ppR
— RMC Sport (@RMCsport) February 13, 2024
На Марија-Бенедикт Хурел, која беше приведена во полиција во септември минатата година, и е забрането да се приближува до сегашниот директор на турнирот Ролан Гарос. Таа треба да плати и едно еуто обештетување, а нејзиниот адвокат најави жалба на оваа пресуда. Инаку, двајцата се заедно од 2014 година, а се венчаа во 2021. Маурезмо тврди дека била малтретирана од нивното раскинување во 2023 година и оттогаш „понижувањето, уцените, навредите“ и станале секојдневие.