Тајмаут
Поранешната сопруга на Скоти Пипен му раскина на синот на Мајкл Џордан, сакал да се ожени со дадилката (ФОТО)
Ларса Пипен (49) и Маркус Џордан (33), синот на легендарниот Мајкл Џордан, изгледа се пред раскинување. Според последните информации, нивната врска изгледа како да е на растреперени нозе и се чини дека е поблиску до раскинување отколку до свадба за која се зборува веќе некое време. Поранешната сопруга на Скоти Пипен веќе извесно време е во врска со Маркус и тие постојано и јавно потенцираа дека се среќни заедно и дека размислуваат да се венчаат. Се чини дека „балонот пукна“, бидејќи по година и пол врска престанаа да се следат на социјалните мрежи. Уште еден детал привлече големо внимание.
Таа на својот Инстаграм профил покрена анкета со наслов „Дали твоите пријатели треба да го откажат твоето поранешно момче? Многумина го сфатија ова како јасен знак дека работите тргнале надолу и дека раскинувањето е неизбежно. Ларса важеше за една од најдобрите пријателки на Ким Кардашијан и беше во брак со Скоти од 1997 до 2021 година и заедно имаат четири деца. Се шпекулираше дека е во врска и со НБА играчот Малик Бисли, иако тоа не е потврдено.