Connect with us

Фудбал

Поранешната ѕвезда на Реал на 30 години веќе може да се пензионира поради неговиот успешен бизнис

Поранешниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Иско (30) требаше да потпише за Унион Берлин на последниот ден од јануари, но тоа не се случи бидејќи во последен момент ги подигна финансиските барања. Поранешниот играч за врска на Реал и шпанската репрезентација моментално е без клуб, но се чини дека тоа не го загрижува премногу.

Започнал заеднички бизнис со својата девојка Сара Саламо. Во 2020 година, парот ја отвори Isla November SL, компанија за недвижнини. Имаат пет станбени згради, а последното купување им е луксузен стан од 153 метри квадратни во центарот на Мадрид. Станот има четири спални соби, дневна, трпезарија, кујна и две купатила.

Иско и Сара имаат уште три стана и една куќа, а во нивно друштво одговорноста е поделена на половина. Сите донесени одлуки мора да бидат договорени од двете страни. Почетниот капитал на компанијата изнесуваше 400 илјади евра.