Тајмаут
Поранешниот бразилски репрезентативец ја шокираше јавноста: „Се гледав и со мажи и со жени“
Бразилецот Ричарлисон (39) призна дека е бисексуалец и дека се гледа и со мажи и со жени.
Ричарлисон е поранешен играч на Сао Паоло и Атлетико Минеиро, а има и неколку настапи во дресот на репрезентацијата на Бразил.
Тој е првиот играч од бразилската лига кој јавно ја објави својата сексуалност. Тој ги отфрли сите стравови и отворено зборуваше за тема која досега решил да ја држи во тајност.
“Денес решив да признаам: бисексуалец сум. Ако тоа недостасуваше, еве го! Сега сакам да видам дали работите ќе се подобрат. Цел живот ме прашуваа дали сум геј. Имав состаноци и со мажи и со жени. Нормален сум, имам чувства“, изјави Ричарлисон .
Долги години играше во врвни бразилски тимови, а Сао Паоло освои три титули и Светско клупско првенство. Играше за Салцбург во Европа, а кариерата ја заврши во 2021 година.
Во 2008 година играше за Бразил на пријателските натпревари против Ирска и Шведска, а потоа соиграчи му беа Робињо, Марсело, Лукас Леива, Луис Фабијано, Дани Алвеш …