Connect with us

Тајмаут

Поранешниот играч на Ливерпул нападнал жена и ѝ викал: „Ку**о дебела дали знаеш кој сум јас?“

Поранешниот играч на Ливерпул, Џон Велш, нападна жена на автобуската станица и ѝ викал: „Дали знаеш кој сум јас?“

Велшанецот играше за Ливерпул од 2001 до 2006 година, а потоа замина на заем во неколку клубови пред да потпише за Tранс Роверс ФК во 2009 година, а потоа отиде во Престон Норт Енд, каде што беше и капетан.

Како што пишуваат англиските медиуми, тој дојде кај двојката што чекаше такси на автобуската станица, негде околу 4 часот наутро.

Велш ѝ рекол на, Жанет Гевин: „гледај кај одиш ку**о дебела“, пред да дојде до конфликт меѓу него и нејзиниот партнер, Елин Фејли.

Еден сведок на настанот опиша како се случило: „Во 03:40, жените стоеја заедно на автобуската станица на аголот на улицата Викторија и улицата Темпл, чекајќи такси“.

„Обвинетиот минуваше покрај нив и имаше контроверзии околу тоа што се случи на автобуската станица“.

„Тој рече: ‘Можам да направам што сакам’, во смисла не ми кажувајте што да правам, ќе направам што сакам. Не знаете кој сум јас? Исто така рече дека може да дознае каде живеат“.

Велшанец потоа ја удрил 57-годишна жена. После тоа, некој ја повика полицијата, а Велш беше уапсен.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Тајмаут

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com