Connect with us

Тајмаут

Поранешниот играч на Малага, Марсеј и Арис уапсен во голема акција за трговија со дрога

Поранешниот играч на Малага, Марсеј и Арис, Серхио Контрарас – Коке, е еден од 20-те уапсени во операцијата за трговија со дрога во Севиља, Малага и Гранада.

Коке беше уапсен во акција наречена „Маскоке“ во која беше запленет повеќе од еден тон хашиш, како и неколку оружја.

36-годишниот Шпанец се смета дека бил еден од водачите на групата што организирал трговија со дрога и бил уапсен во вторникот во неговиот дом лоциран во Малага.

Коке ја започна својата кариера во Малага, но не остана предолго, па во 2004 година се пресели во Марсеј за кој одигра 54 натпревари и постигна 6 голови.

Тој настапуваше за многу клубови ширум светот, поголемиот дел од времето го мина во грчкиот Арис за која забележа 175 настапи и постигна 39 голови.

Тој ја заврши кариерата во 2017 година и последователно се врати во Шпанија каде беше уапсен вчера.