Connect with us

Фудбал

Поранешниот играч на Реал, Данило: „Би сакал Меси да ми биде соиграч, сметам дека е подобар од Роналдо“

Бразилскиот фудбалер Данило јавно го повика Лионел Меси од Барселона да му се придружи во Манчестер Сити и порача дека Аргентинецот најдобар играч на светот.

Британските медиуми шпекулираа многу пати дека Манчестер Сити, односно менаџерот Пеп Гвардиола, имаат голема желба да го донесат Меси на „Етихад“.

Ние имаме многу силен тим, а можеме да играме уште подобро. Меси е врвен играч, се разбира, јас би сакал да ми биде соиграч, изјави Данило за шпанска „Марка“.

Бразилецот смета дека Меси е подобар од неговиот досегашен клупски колега Кристијано Роналдо.

Данило оваа сезона одигра девет натпревари за Манчестер Сити.