Ракомет
Поранешниот репрезентативец на Македонија е нов тренер на Голден Арт КЛ7
Раководството на најмладиот ракометен суперлигаш, го избра Игор Котевски за нов шеф на стручниот штаб.
Котевски е еден од најдобрите ракометари кои играа за Макадонија, тој во својата играчка кариера ги носеше дресовите на Пелистер, Борец, Јафа-Промет Ресен, Вардар Ватростална, Борaц Бања Лука, Пелистер, РК Македонија а како тренер до сега работел во младинскатa екипа на Вардар, РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и Металург 2.
„Филозофијата на работа и создавање на млади играчи е заедничка појдовна основа за оваа соработка на прославениот пивот и нашиот клуб.
Му посакуваме многу успех и среќа, пред се во обезбедување на опстанок во супер лигата, што е и една од главните цели на клубот оваа година.
Покрај тоа Котевски ќе работи на надградба на младите играчи во клубот, кои се основа на идните успеси на истиот.
Добредојде Игор!“ – Порачаа од клубот.