Connect with us

Ракомет

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес не го заборава Скопје: Македонците се најдобри фанови на светот

Во опширното интервју за официјалната интернет страница на Европската ракометна федерација, поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес се присети на деновите поминати во Скопје. Се присети и на Ф4 турнирот во Келн.

-Имавме многу добра сезона и во Келн победивме против Барса и ПСЖ со еден гол разлика. Не знам како да го опишам чувството, дури ни сега, шест години подоцна. Не бевме фаворити, бевме мало изненадување, но го направивме тоа. Бевме победници во Лигата на шампионите. А во Македонија? Беше тотално лудило, девет од 10 луѓе кои го имаа вклучен телевизорот во моментот на финалето против ПСЖ нè гледаа. Бев и селектор на репрезентацијата на Македонија и знам колку им значи ракометот. Кога се вративме во Скопје, над 100.000 луѓе беа на улиците да нè поздрават и да слават со нас. Беше нешто неверојатно, можам со рака на срце да кажам дека македонските навивачи се најдобри во светот – начинот на кој навиваат за својот тим, страста што ја имаат за спортот и за своите идоли, тоа е без преседан, вели Гонзалес.

Целото интервју ТУКА.

Advertisement