Тајмаут
Поранешниот турски репрезентативец осуден по грозоморното злосторство: Долго ќе биде зад решетки!
Поранешниот турски фудбалер Сезер Озтурк (36) беше уапсен во септември минатата година, откако уби маж поради расправија во сообраќајот.
Во два наврати Озтурк и неговите пријатели пукале кон луѓето со кои се скарал во сообраќајот. Го убил 25-годишниот Калил Ибрахим Сколтен, а ранил уште четворица.
После половина година, тој беше осуден на 14 години и седум месеци затвор за три различни дела.
Обвинителството побара Озтурк да биде осуден на 23 години и 9 месеци затвор за три различни кривични дела, но тој добил многу помалку од тоа.
„Како што кажав, немам намера. Ќе се сретнам со мојот адвокат и ќе ја подготвам одбраната. Засега не сакам да кажам ништо“, рече Озтурк.
Цезар Озтурк кариерата ја започна во Баер Леверкузен, а во 2006 година се пресели во Турција каде настапуваше за Манисаспор, Ескишехирспор, Фенербахче, Бешикташ и Башакшехир.
View this post on Instagram
Кариерата ја заврши во 2015 година во дресот на Ешикшехирспор.
Инаку, ги мина младинските селекции на Турција, има еден настап во У23, но никогаш не дебитираше во А селекцијата.