Connect with us

Тајмаут

Портпаролот на Лестер Сити: Им помагаме на полицијата

Се уште нема официјална потврда дали сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер се наоѓа во хеликоптерот кој по натпреварот, по самото полетување се срушил во близина на стадионот.

Од клубот се огласија на Твитер, а портпаролот на Лестер Сити изјави:

“Ние им помагаме на полицијата од Лестершир и службите за итни случаи во справувањето со големиот инцидент на стадионот “Кинг Пауер”. Клубот ќе излезе со подетална изјава откако ќе се утврдат дополнителни информации. “

Покрај бројните шпекулации дека сопственикот на Лестер, спортскиот директор и пилотот дека се прогласени за мртви, се уште нема официјална потврда од клубот.