Ракомет
Последна шанса за Македонија, или следна рунда или?!
Македонската ракометна репрезентација попладнево со почеток во 15:30 часот го игра последниот меч од првата фаза на Светското првенство во ракомет кое се игра во Египет. Противник е селекцијата на Чиле, против која досега во минатото сме извојувале две победи на Мундијалите. Македонија победи и на последните две пријателски средби.
Победа на овој меч ќе значи освојување на третото место кое ќе донесе пласман во следната рунда, додека пораз ќе крај за надежите за нешто позитивно на овој Мундијал. Со пораз, до крајот репрезентацијата на Македонија ќе одигра уште еден меч во т.н Президент Куп, односно непопуларното разигрување за ниските позиции.
На првите два меча против Шведска (32:20) и Египет (38:19) Македонија не остави впечаток дека на овој Мундијал може да се постигне нешто повеќе. Сепак, пласманот барем во следната рунда е можен, бидејќи Чиле е далеку послап од претходните противници.