Connect with us

Ракомет

Последниот пат кога ни судеа доживеавме катастрофа, позната судиската двојка за денешниот меч Македонија-Русија

Попладнево со почеток во 15:30 часот, Македонија против Русија ќе го одигра вториот меч од втората фаза на СП во Египет. Првиод од Словенија го загубивме со 31:21, па со оглед на досега прикажаното, се освен пораз против Русија ќе биде големо изненадување.

Позната е и судиската двојка за овој меч. Сестрите Бонавентура ќе ја делат правдата, а последен пат кога судеа на Македонија на ова СП доживеавме катастрофа од домаќинот Египет со 38:19.