Connect with us

Тајмаут

Последните секунди од хеликоптерот на Лестер пред да експлодира! (ВИДЕО)

Сѐ уште нема потврда дали има преживеани во синоќешниот стравичен пад на хеликоптерот на Вичај Шриваданапраба, сопственикот на премиерлигашот Лестер, а утринава се појави последната снимка на која се гледа пред да падне на паркингот во близина на стадионот.

Камерите го „уловија“ хеликоптерот при полетувањето од центарот на фудбалското игралиште и тоа среде емисија на каналот БТ Спорт, кој вршеше пренос од натпреварот на Лестер против Вест Хем.

Гостите бурно ги анализираа случувањата на мечот и никој воопшто не ни помисли дека неколку секунди подоцна хеликоптерот што го гледаа во позадина ќе се претвори во огнена топка.

SPORT1.MK