Connect with us

Ракомет

Последно дерби меѓу Металург и Вардар сезонава

Денеска се игра и дуелот меѓу двете најдобри екипи во домашниот ракометен шампионат.

Во салата Автокоманда од 19 часот Металург го пречекува освојувачот на титулата Вардар. Двата тима веќе ги обезбедија првите две позиции на табелата и следната сезона ќе бидат дел од СЕХА лигата, а се очекува покрај Вардар и Металург да биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Колото се комплетира утре со мечевите Охрид – Пелистер и Пролет – Еурофарм Работник.