Connect with us

Фудбал

Последното миланско дерби во ЛШ – дожд од факли, прекинат натпревар и фотографија за историја

Интер ја елиминира Бенфика во четврт-финалето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 5:3 и со тоа гарантира пласман во полуфиналето на турнирот. Таму избраниците на Симоне Инзаги ќе се соочат со градскиот ривал Милан, кој во четвртфиналето го елиминираше Наполи.

Двата клуба традиционално прават интересно Дерби де ла Мадонина, но ова ривалство последен пат се одигра на сцената на најсилниот европски клупски турнир пред 18 години.

Во сезоната 2004/2005, двата тима се соочија во четврт-финалето на турнирот, при што Росонерите го добија првиот натпревар со 2-0. На реваншот каде „нероаѕурите“ беа домаќини, на петнаесет минути пред истекот на регуларното време резултатот беше 0:0.

На трибината со најекстремните навивачи на Интер запалија многу факели, со еден од нив беше погоден чуварот на Милан Дида, поради што мораше да биде заменет.

Оваа воена состојба на теренот потоа го натера судијата Маркус Мерк да ја прекине играта во 74. минута и да му додели официјална победа од 3:0 на Милан, кој на тој начин се пласираше во полуфиналето на турнирот и потоа загуби од Ливерпул на пенали во култното финале во Истанбул.

Покрај борбените сцени, последниот натпревар помеѓу Милан и Интер во Лигата на шампионите ќе остане запаметен и по култната фотографија на која дефанзивецот на „нероаѕурите“ Марко Матераци и офанзивниот играч за врска на „росонерите“, Руи Коста стојат еден до друг на позадината на огнена екстраваганција во секторот со најекстремните поддржувачи на Интер.